Игнатов и Петрушев во полуфиналето на ЕП во млади категории, во К-1 слалом на диви води

Петар Печков


Велешаните Христијан Игнатов и Ангел Петрушев, како членови на македонската селекција, се пласираa во полуфиналето од Европското првенство за млади категории,  во кајак слалом на диви води, кое се одржува во Краков, Полска на патеката Колна. 

Игнатов во категоријата К-1, У-23 во втората трка беше деветти од 21 учесник  со 14,58 секунди заостанување, а бидејќи беше до 10-то место влезе во полуфиналето, каде ќе возат 30-те најуспешни.

Во првата трка Игнатов беше 35-ти од 40 натпреварувачи со 27, 32 секунди заостанување.  Кај јуниорите Ангел Петрушев  пласман во полуфиналето во К-1  обезбеди уште во првата трка кога беше 18-ти а 20-те одат понатаму. Тој заостана 8,66 секунди зад првопласираниот. 

Кај јуниорите веслаа и Стефан Рибарски кој во првата трка беше 36-ти  со 42,28 секунди заостанување  и Коце Игнатов со 42,73 секунди задоцнување и 37-мо место, од 44 натпреварувачи. Во втората трка во која веслаа 23 натпреварувачи,  Рибарски беше 14-ти со заостаток од 18,27 секунди и Игнатов   19-ти со 39 секунди повеќе од најдобриот.  

Полуфиналето  на ЕП за млади категории, во кајак слалом на диви води, на патеката Колна е в недела.  Игнатов весла во 9,45 ч како втор од 30 учесници а Петрушев весла во 11,37 како 13-ти од исто така 30 натпреварувачи.

Во финалето одат првите 10. Попладнево се возеше и дисциплина 3хК-1, за јуниори екипно. Македонската селекција, Рибарски, Петрушев и помладиот Коце Игнатов го освои седмото место во конкуренција на 12 држави, со заостаток од 56,79 секунди заостаток зад победникот селекцијата на домаќинот Полска.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

Има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати