Иде Водици, Вардар во Велес до коленици

Петар Печков

Петок 19-ти јануари, е верскиот празник Богојавеление Водици, кога по традиција се скока по крстот во реката Вардар. Но и годинава како и претходните нивото на реката во Велес,  е потпросечно ниско. Така според УХМР  нивото е под просекот, кој за јануари е 82 см.

А деновиве тој се движи до 70 цм, но има измерени и  65 см. Така што може да се случи во Велес до крстот да се стигне и со одење по Вардар, доколку  до петок нивото не  порасне.

Од Поварадарската Епархија пак ги повикаа сите заинтересирани православни христијани да се пријават  за традиционалното фаќање на крстот по повод верскиот празник Богојавление - Водици, во просториите на Повардарската епархија во Велес, секој работен ден од 8  до 16 часот. 

Чинот на фрлањето на крстот ќе се случи петок, во 11ч. од малото мовче а литијата ќе тргне од црквата Св. Спас во 9ч.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати