Извршен технички прием на Покриениот пазар

Петар Печков

Извршен е технички прием на горниот дел од новиот Градски пазар. На техничкиот прием присуствувале  претставници на фирмата изведувач Бауер БГ, надзорниот орган  МБМ Инженеринг, претставници од ЈКП Дервени од Општина Велес. Изградбата на овој дел од пазарот е инвестиција од 36 милиони денари.
 
„Присутните извршија увид на целиот објект и помошните простории. Во рок од осум дена изведувачот треба да ги отстрани недостатоците утврдени при увидот на објектот“ - соопштија од Општина Велес.
 
Во меѓувреме се изработува металниот дел од оградата на пазарот. Во тек се подготовки за изработка на парапетен ѕид како и изработка на нова траса за фекалниот колектор.

„Кога ќе се создадат соодветни услови тезгите од сегашната локација ќе бидат префрлени во новоизградениот дел на пазарот“- додаваат од локалната власт.

Рокот на изведба на горниот дел од пазарот беше четири месеци, заклучно до 4-ти август, но се пролонгираше неколку пати.

За опремување на покриениот пазар  ЈКП Дервен набави 160 нови пазаришни тезги, кои се купени од сопствени средства вo висина од 3 милиони денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати