Изгласан Општинскиот Буџет на Велес, со рекордни 1,63 милијарди денари

Петар Печков

Со 16 гласа „ЗА“ (ВМРО-ДПМНЕ) и два воздржани (ЛЕВИЦА), додека советниците на СДСМ не гласаа,  на денешната седница на Советот на Општина Велес усвоен е буџетот на општината. Вкупниот буџет изнесува 1,636 милијарди  денари што претставува најголем буџет во историјата на општината. Како  приходи предвидени се 1,6 милијарди а како расходи 1,63 милијарди. Дефицитот од 31 милион е предвидено да се покрие со депозит -предвиден вишок на Буџетот од годинава, кој се пренесува во следната. 

„Изминатава година повторно ја завршуваме со одлична реализација и бројни реализирани проекти, а со донесувањето на буџетот за 2026 година продолжуваме со уште позасилено темпо. Заедно со Советот на Општина Велес и општинската администрација ќе работиме на реализирање на сите аспекти од буџетот и програмите, слушајќи ги вашите идеи и потреби“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Распределбата на Општинскиот Буџет го пофали Маја Демерџиева од ВМРО –ДПМНЕ која кажа дека се исполените сите начела за еден Буџет.

„За уредување на градежно земјиште се идвојуваат 509 милиони, иззградба и реконструкција на локални патишта и улици 30 милиони денари, изградба на простор за паркирање 14 милиони денари. Во програмата за култура има средства за бројни манифестции“ – кажа Демерџиева. 

Опозицијата имаше забелешки на Општинскиот буџет. 

„Буџетот следната година е поголем од годинашниот за 25 отсто. Има многу капитални расходи што е за поздравување. Слабостите се што Буџетот за 2026 година не ги решава проблемите со загадувањето на животната средина и нејзиан заштита, не се предвидени средства за ремедијација на земјата, за заштита на водите“ –рече Анета Стајиќ од Левица.

„Овој Општински Буџет е предвидно да се полни со средства од кредитите кој државата ги добива со задолжување а помалку се потпира на средства собрани од граѓаните, фирмите“ – рече Мирјана Петрушевска Савова од СДСМ. 

 фото Општина  Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати