Излетал со автомобил од автопат, удрил во ограда, завршил на Ургентен

Петар Печков

Богомилчанец, кој живее во Скопје, враќајќи се од родното место, излетал од патот  и удрил во ограда, после наплатната рампа Отовица. Поради специфичните повреди, пренесен е на Ургентен во Скопје.

Вторникот во  12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес- Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда - информираа од МВР.

Први на помош дошле од Итната служба. Според началникот на Брзата помош, д-р Васе Пановска, на повредениот му е дадена неопходната помош и веднаш бил префрлен во велешката Болница. 

Кај повредениот извршени се снимања и претраги, по што е констатирано дека има повреди  на граден кош, `рбет,врат па поради специфичноста на повредите  префрлен на Ургентен во Скопје -изјави д-р Весна Николовска Неделкова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати