Изложбата „Велес виа Градско“ на Перовски поставена во Градско

Петар Печков

Дела на  академскиот уметник Спасе Перовски  се поставени во салата на Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско. Изложбата  насловена „Велес виа Градско“ е негова 11-та  самостојна ликовна изложба, која е  дел од свеченостите  на одбележувањето на Денот на Општина Градско.

Изложбата „Велес виа Градско“ е симболична, како селење од Велес кон Градско, оти секој ден патувам на релација Велес- Градско – Стоби и назад“. На изложбата имам дела од мојата прва самостојна изложба „Истражување на духот“ и од втората „Круг“  - вели авторот Перовски, кој е  директор на НУ „Стоби“.

На  изложбата авторот  се претставува со  15 слики масло на платно и комбинирани техники во различни димензии, изработени во неговиот ран творечки опус, од 2000 до 2008 година.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати