Изложба за 15 години творештво на Снежана Лазарова Луна, со дела изработки од природни семиња

Петар Печков

Снежана Лазарова Луна, се претстави со изложбата за 15 години творештво,  „Семињата на светлината“  во Ликовен салон Велес. Таа на јавноста и понуди 38 дела, дел постари репрезентативни, дел нови дела, создадени последната година. Лазарова се претставува со дела мозаик од природни семиња во природни бои.

„Со изложбата одбележувам 15 години работа, под мотото по делата ќе ме познаеш. Работата со оваа техника е тешка, се работи зрно по зрно и секое мора да си го пронајде своето место и затоа создавањето оди поспоро. Има и постари дела, тоа се свети ликови, кои сакам повторно да ги претставам пред јавноста. Тие се создадени од две семиња, бел ориз и црн синап,  во црно бела техника. Последните пет години работам, творам со нови природни бои, нови семиња. Употребив киноа семе, просо за жолта боја, црвената леќа и од пред две седмици користам чија семе. Тематиката на новите дела е жената и љубовта“ – кажа Лазарова.

Во дел од изложбата е поместена едиција посветена на сите упокоени млади души со скршени крилја.  Таму е поместено дело насловено „Скршениот светилник“  за секоја мајка со изгубено чедо како и „Кочански перуники“ работено  со црно семе синапово, бел ориз и чија семе. 

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати