Измамен Чашкарец за 14 илјади евра

Петар Печков

Доцна синоќа, жител на наслеба Чашка, бил измамен за 14 илјади евра. Средствата ги платил за да биде направена операција на ќерка му. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Според лица, кај кои постоел обид за ваква измама, додека  наводниот „доктор“ или лице од болницата кое преговара, од заднина се слуша лелек и запомагање, тато, мамо помагајте.  Жртвата во тие моменти за збунетост, бара начин да ги најде парите со ветување, дека блискиот повреден ќе го слушне откако ќе ги остави парите. На ова има бројни случаи на измамени.

Полицијата ги едуцира пред се пензионерите, повозрасната група, дека во вакви случаи веднаш треба да ја прекинат комуникацијата. Разговорот се води исклучиво преку фиксен телефон. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати