Историја, Борец е женски фудбалски првак на Македонија

Петар Печков

Женската фудбалска екипа на Борец е шампион на Македонија во натпреварувачката 2009/10 година. Со победата од 4:1 (4:1) над Победа од Прилеп, во последното коло велешанки стигнаа до првата титула на клубот од неговото четиригодишно постоење.

Четири години градевме нешто и тоа сега  вроди со резултат. Им докажавме на сите дека сме подготвени да бидеме прваци тоа   се случи и се радуваме на титулата – изјави  Валерија Ваљак, капитен на екипата. По 19 одиграни кола екипата на  ЖФК Борец е прва со 57 бода, и само еден пораз, недомана во Прилеп 

Велешанки имаат импозантна гол разлика  155 : 13 гола. Таа  е многу млада по возраст, од 16 до 18 години и на неодамнешното Европско првенство за жени до 19 години, одржано во Македонија од 11 првотимки 8 се членки на Борец. 

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати