И годинава 50 слободни места за прва година на Технолошко- Техничкиот факултет во Велес

Петар Печков

Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот  факултет, од есен во новата академска година 2025/26, како и годините претходно,  ќе  запише 50 бруцоши.

На двете насоки, прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.

Ова е согласно конкурсот за упис на  студенти во прва година, кој  го објави  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи  факултетот.  

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет  за вонредни студенти на двете насоки, или вкупно 50 бруцоши.

Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.

Ова е седма  година по ред  со  ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот  факултет во Велес. Наставата трае осум семестри.

ТТФ има настава и во Битола за нутриционизам, и во Кичево за  прехранбена технологија и биотехнологија и со по 25 места за упис, од нив 20 се во државна квота и пет се вонредни.

Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока:  19-27  август/ 15-16   септември и на 24  септември.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати