И покрај предупредувањата за телефонски измами, велешанка платила 2.700 евра за ќерка и да не оди во затвор за сообраќајка, која и не се случила. Парите ги пуштила во канта за отпад во Скопје

Петар Печков


Велешка пензионерка измамена за 2.700 евра, за да ја спаси ќерка си, која наводно сторила сообраќајка. За да не оди во затвор, непознати лица по телефон и абрале 50 илјади евра. И земале далеку помалку. Детатлите од информацијата на МВР.

 „Вчера 29 август во СВР Скопје Д.Г. (88 год) од Велес пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пријавителката и го сторила. Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци а потоа со автобус се вратила во Велес“ – соопштија од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот. ТрМр дознава дека ова е четврти случај во Велес, трите биле неуспешни, аоговорниците не поверувале на телефонските повици за спас на близок, кој сторил сообраќајка, со смртни последици.  

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати