Кавадарчанец низ Неготино возел пијан

Петар Печков

Ноќеска по полноќ, на улиците во Неготино, кавадарчанец управувал возило пијан. Полицијата го упасила. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 2 септември  во 00:35 часот на  улица „Христо Ботев“’ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.С.(29 год) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.67 промили алкохол во крвта“ – соошти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Возачот  бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 

фото интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати