Како да се решат сообраќајните гужви и метежот во Велес, пред ОУ Блаже Конески и кај кружниот тек во центар

Петар Печков

Сообраќајната гужва пред Основното училиште Блаже Конески е секојдневие. Таа е така со години, но не се преземат мерки за нејзино решавање. На последната седница, советникот Марјан Николов, побара реакција од сообраќајната полиција.

 „Околу 15ч. во работните денови, кога родителите ги земаат децата од училиште кај ОУ Блаже Коневски, се случува неверојатна гужва. Затоа е добро да апелирате до колегите, кои се надлежни за сообраќајот, во тој период таму да има сообраќаец, кој ќе го регулира сообраќајот. Истото се случува во пазарните денови  на кружниот тек, во центар, кај споменикот на „Коњаникот“. Затоа сметам дека во одредени делови на градот, во одредени делови од денот, е потребно сообраќаец да го регулира сообраќајот. Така ќе има поголемо циркулирање на автомобилите, да нема колони преку мост“ – кажа Николов.  

Оваа забелешка  беше адресирана до Игор Јовановски, заменик командир на ПС Велес, кој беше присутен како претставник ан Полициска станица Велес, на разгледувањето на извештајот за  нејзината работа.

„Тоа е надлежност на ПС за безбедност во сообраќајот. Мислам дека е видливо присуството на сообраќајците, кои ги има по сообраќајниците низ градот секојдневно. Перцепцијата кај граѓаните е дека е мало присуството на сообраќајци на овие места, школи, кружен тек. Се преземаат акциски контроли, републички, локални, околу  паркирањето. Има санкционирано 12 илјади сообраќајни прекршоци лани.  Ќе биде пренесена на колегите оваа забелешка“ – изјави Јовановски.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати