Кардиохирургот Д-р Сашко Јовев добитник на наградата за животно дело „Гемиџии“

Петар Печков

Професор  д-р Сашко Јовев, велешанец кој работи на државна кардиохирургија,   е добитник на нагрaдата за животно дело „Гемиџии“. Тој беше докторот кој ја изведе првата трансплатација на срце во Македонија.  0длуката за наградата ја донесе  Советот на Општина Велес  на  седницата вторникот попладне.

Спомен плакета 9-ти Ноември на Општина Велес ќе добијат  Инфективното одделение, Службата за Итна медицинска помош, Центарот за јавно здравје - епидемилошка служба, и тимот на лекари кои ја направија првата трансплантација на срце д-р Тања Анѓушева-кардиолог, д-р Димче Славевски-кардиоанестезиолог, д-р Александар Колев-специјализант по кардиохирургија, Катерина Ристовска Јанев и Александра Ристовска Тинев- инструментарки и и  Здружението на матичните лекари – Велес.

Благодарница 9-ти Ноември ќе добијат Енис Фазлагиќ, Љубомир Спасиќ, Лајонс клуб Велес  и семејството на Пиневи, кое ги донираше органите на Борече Пинев, по неговата смрт. 

Пофалници 9-ти Ноември ќе добијат и пијанистот и диригент на Градскиот камерен оркестар  м-р Илија Настовски, Филип Коруновски, Снежана Лазарова Луна и ученикот Христијан Андовски. 

Наградата за најстудент „Ѓорѓи Шоптрајанов“ ќе ја добие  Ана Трајчева, студент на Факултетот за медицински науки – Штип, насока дентална медицина.

Наградите ќе бидат врачена на свечена седница на Советот на Општина Велес по повод 9 Ноември – Денот на општината, која што градоначалникот Коцевски најави дека ќе биде без гости. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати