Климатските промени и пожарите влијаеја на намалениот принос на мед во земјава, пчеларите бараат алтернативни производи со мед со кои ќе конкурират на пазарот

Петар Печков

Место до десет килограми мед како претходните години, оваа пчеларите од Повардарјето од кошница собраа по двојно помалку, по 5кг . Намалените приноси тие ги припишуваат на неколку фактори кои влијаат на пониското производство на  жолтото злато, медот. Метеоролошки  летово беше најсушно со највисоки температури, покажуваат вредносите на метеоролозите.

„Сушата, високите температури беа причина да  нема вода, кога ја нема неа,  нема вегетација.  Пчелите не можат да собираат ни нектар ниту полен оти го немаше. Нема вода а  медот по дефиниција е течност.  Втор момент е војната во Украина која влијаеше и на медот, оти за опоравување на тамошната економија ЕУ ги отвори пазарите за украинскиот мед и тој во Македонија се увезува за 1,5  евро по кг. а во маркетите е 250 ден за кг,  ние домашниот го продаваме помеѓу 500 и 600 денари.    Третиот момент е депопулацијата во Македонија, намалувањето на населението  кога пред се заминуваат од земјва најмладите за кои медот најчесто беше купуван. Така пазарот на потенцијални купувачи се намалува, имаме нелојална конкуренција со Украинскиот мед и климатските промени и сушата“ – вели Благојче Најдовски пчелар од Велес, кој е трета генерација во семејството што се бави со пчеларство.

Вели дека неговиот дедо пред 50 години собирал од кошница по 20  до 30 кг мед а тој годинава само 5 кг. Пчеларството се сели на север а во Македонија од година во година ќе има се помали приноси, поради климатските промени. На годинашново намалено произвдство на мед влијаеја и пожарите, во кои беа уништени значен дел пчелни семејства и кошници полни со мед.

Во ваква ситуација, пчеларите бараат начин со иновативни решенија за пласман на медот, да го задржат пазарот и продадат дел од приносот. Најдовски на еминентиот Новосадски саем, доби две признанија, награди, златни медалји за два негови нови производи.

 „Нашите стари немале лекови, се лекувале со тревки, со чаеви  и со мед. Мораме луѓето да ги научиме како повторно да јадат мед, на младите да ја пренесеме прехранбената навика да се јаде мед. Сите сме сведоци  колку децата јадат мед, наспроти кондиторските производи. Луѓето се заситија само мед да јадат, бараат додадени вредности. Така јас на медот додавам други здрави компоненти, и тоа го продавам на пазарот“ – објаснува Најдовски.

Тој на медот му додал  сушено цвекло во прав, со додаток на дива шипка, заради врзување на  витаминот  Ц и добил  природен  производ против анемија, храна која истовремено е и лек. Вториот производ за кој доби награда е мед помешан со печени лешници, алтерантива за бројните кремови, кои децата ги бараат и јадат. Објаснува дека лешникот имал куп микро и макро елементи кои се битни за здравјето и се добил уште еден производ  и храна и лек.  Вели дека иднината на пчеларството е во барање на иновативни решенија за продажба на медот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати