Повторно се асфалтираше дел од ул. Алексо Демниевски Бауман, поради лошата изведба

Петар Печков

Неквалитетната изведба причина за повтроно асфалтирање на дел од улицата Алексо Демниевски Бауман. Ова е одговорот од градоначалникот Марко Колев, откако имаше реакции во јавноста, кога неделава се стругаше асфалтот и се асфалтираше повторно. И тоа на делница од крстосницата кај аптека до библиотеката.

„На делот кај аптеката имаше брановидна површина, нерамна. Тоа се чувстуваше при управување со возило. Дополнително кај Ликовен салон имаше флеки, кои се испитаа и се потврди,  дека нема доволно збиеност на асфалтот и има шуплини. Кога  ќе заврне, или во зимо кога ќе фати мраз, тој се шири  и  за најмногу две години тој коловоз ќе беше распаднат.  Затоа надзорот, на товар на фирмата да се асфалтира повторно. Не на товар на општината. Затоа и така е направено. Тоа е грешка на фирмата, градоначалникот нe замижа и не прогледа низ прсти. Ќе беше голема брука, ова зимо асфалтот од  коловозот да почне се распаѓа“  – кажа градоначалникот Колев.  

Истата фирмата Филип инжинеринг ги работела улиците Борис Трајковски,  Димитар Влахов и Раштански пат од кај Брако до Киро Ќучук, за која изведба локалната власт немала забелешки. Од Киро Ќучук до Ветеринарата ќе се работело догодина, откако деновиве ќе се завршело асфалтирањето на ул. Луј Пастер.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати