Ковид-19 започна да ги напаѓа и помладите велешани, тројца ново заразени

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден во велешко се регистрирани три лица позитивни на ковид-19, а еден е оздравен, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Со ова бројката на активни случаи во велешко се искачи на  42 а вкупниот број на заразени е 189 лица, 13 се починати.

Имаме еден случај на лице докажано од минатата седмица, се водел како скопски,  денес е одлучено дека жената  е велешки случај и претходно  е веќе вброена во базата за Велес и таа е на домашно лекување.   Имаме два случаи на релативно млади лица, заразени се  од родителите, кои се позитивни и во двата случаи, фамилијарен кластер.  Имаме едно дете исто така заразено од фамилијарен кластер.Вчера имаме едно лице оздравено од домашно лекување а завчера  лице кое било на Инфективно одделение  - информираа од Центарот за јавно здравје Велес. 

Така последните денови после двајцата млади полицајци и детето повратник од Србија, вчера ново регистрираните се млади личности, дете и уште две лица.

Од активните случаи 28 се  домашно лекување а 13 се на Инфективно одделение. Пациентите од приватните клиники од Скопје се пуштени на домашно, во очекување на вториот негативен тест.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати