Ковид билтен, четири смртни случаи, двајца пациенти се oд Свети Николе и двајца од Велес

Петар Печков

Четворица починати пациенти од последиците на корона вирусот, од нив две лица се од Свети Николе и двајца од Велес. На Инфективно одделение починале тројца пациенти додека еден велешанец на 72 годишна возраст во приватна клиника во Скопје, каде бил на лекување.  

„Починати се три лица, две од  Свети Николе на 53 и 77 годишна возраст, едно од Велес на 80 годишна возраст. Извршен е еден транспорт  на 66 годишен пациент во ГОБ 8-ми Септември“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.  Со ова бројот на починати во велешко, како последица на ковид заразата достигна 186 лица.

Во трите ковид центри од велешка Болница,вкупно се хоспитализирани 65 пациетни,  од кои  44 се потврдени позитивни, 11 сомнителни  и 10 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.  На кислородна поддршка се 37 пациенти.

На Инфективно одделение се  45, во Модуларната болница и на Интерното одделени по  10 пациенти. Во велешко изминатите 24 часа има пет нови случаи на лица позитивни на корона вирусот а оздравени се десет. Бројот на активни случаи во велешко е 240.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати