Командата за обука (КОД) со нов командант

Петар Печков

Командата за обука и доктрини (КОД) при АРСМ која работи во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,, доби нов командант.   Должноста од досегашниот командант на КОД, полковник Љубенчо Петровски ја прими бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев кој досега беше командант на Полкот за специјални операции.

На свеченоста присуствуваа: началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, заменик на началникот на ГШ на армијата, генерал-потполковник Азим Нуредин, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски, генерали во Армијата, дел од припадниците на Командата за обука и доктрини.

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во своето обраќање пред присутните на досегашниот Командант на КОД му се заблагодари за досегашната работа и пренесено искуство во единицата, а на новиот Командант му честита за новата должност со порака за успешна работа како и имплементирање на нови искуства во новата единица.

Досегашниот командант на КОД, полковник Љубенчо Петровски, во своето обраќање истакна дека е чест и задоволство да се биде Командант на Командата за обука и доктрини но и голем предизвик и одговорност. Исто така посочи дека во досегашната работа се раководел исклучиво според законите и прописите но со почитување на искуството од постарите и со идеите и креативноста на помладите генерации. На крај им заблагодари на припадниците на КОД за несебично вложениот труд за оваа единица.

Ново поставениот Командант на КОД, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев истакна дека е чест и задоволство да се биде Командант на единица од која произлегува кадар кој треба да биде столб на обуката во Армијата но и да придонесе во изградбата на борбената готовност на сите единици во нашата Армија. 

На крајот, од свеченоста следуваше церемонијалниот чин на примопредавање на военото знаме на Командата за обука и доктрини.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати