Корисниците евакуирани, пожарот во старечкиот дом во Кавадарци, локализиран

Петар Печков

Локализиран е пожарот кој настана во домот за стари лица  „Доктор Јанески“ во кавадаречкото село Чемерско, претпладнево околу 9,55 ч. Вкупно 30 луѓе кои се корисници на домот, се пренесени во болницата во Кавадарци и сите се во стабилна состојба, соопштија од домот. Пожарот настанал на покривот на зградата, и набрзо е локализиран.

„Сите штитеници на домот во Чемерско се сега за сега стабилни. Ќе бидат згрижени сè до нивно понатамошно транспортирање, дали до фамилиите или до другите домови. Чекаме уште две пациентки, и тие се во стабилна состојба и ќе бидат под надзор од нашите вработени и од вработените во Домот за стари лица“, изјави  Гордана Ѓорчева  Камчева директорка на Општата болница Кавадарци.

Лицата  од каадаречкиот старечки дом биле пренесени од домот со возила на Итната медицинска помош од Свети Николе, Велес, Кавадарци и Неготино, противпожарната единица Кавадарци и ОВР Кавадарци. На терен излегле 10 пожарникари со три противпожарни возила кои го локализирале пожарот.

Според првите информации прво се запалил оџакот, а од него кровот на домот. Во истиот Дом биле сместени 30 постари луѓе од кои 5 биле неподвижни. Сите се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и беа  евакуирани во општата болница во Кавадарци.

Селото Чемерско   се наоѓа 30км оддалечено од Кавадарци и е во близина на ски патеката Михајлово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати