Костадин Симов Атлета на Македонија и успешен стоматолог (фото)

Петар Печков

Велешанецот Костадин Симов е Атлета на Македонија, титула која ја доби во октомври во Скопје, на Државното првенство кое се одржа во Скопје.  Тој победи во категоријата   физик сениори до 178 цм   за подоцна да биде апсолутен победник во сите категории .

Претходните две години, 2017 и 2018,  беше втор на натпреварот  Атлета на Македонија.  Како победник во Македонија годинава,  учествуваше и на Дајмонд Европскиот куп, каде го освои 7-то место, па на Светскиот златен куп каде беше втор, по што учествуваше на натпреварот  Фит пас  Белград Европски куп и беше трет.  Толку многу натпревари и освоени победи и виски места за само неколку седмици во октомври. 

Се посветив на овој спорт, бодибилдинг   и затоа сум среќен што ги постигнав овие резултати.  Поголем дел од денот сум посветен на овој спорт, подготовка на специјална храна, подготовка на  протеински шејкови, два тренинзи, правилно спиење, кратење од многу задоволства и сто отсто посветеност - вели Костадин.

Тренира шест дена во неделата,  два пати на ден, еднаш во третана во траење од час и половина и тоа после работните задачи, навечер и еден кардио тренинг пред работа со трчање од еден час во Градски парк.  Со боди билдинг се занимава 15 години, претходно тренирал кошарка, ракомет, одбојка но се пронашол во бодибилдингот. 

Започнав како дете со читање книги од Петар Челик и купував списанија од каде учев, како правилно да вежбам и се хранам, оти тогаш немаше интернет. Со татко ми правевме тегови од цемент и железо и тренирав дома - додава Симов.   Објаснува дека исхраната е клучен фактор за успешност во овој спорт, но и за здрав живот. Препорачува на сите здрава и правилна исхрана. 

Овој спорт е всушност начин на живот. Пред се бара откажување од многу слатки задоволства, треба психички да се подготвиш па потоа физички, за да се победиш самиот себе па потоа другите натпреварувачи. Посветеноста е голема, бидејќи се исхранувам на секои два часа, точно определен оброк со протеини, јагленхидрати и масти, пијам најмалку пет литри на ден и спиење најмалку осум часа, во текот на ноќта што е битно во овој спорт - заврши Костадин.  

Тој има 30 години и е дипломиран стоматолог, работи во стоматолошката и естетска ординација Д-р Симов.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати