Коцевски -бројките од извештаите покажуваат и докажуваат, дека се трошат повеќе пари за инфраструктура отколку претходно

Петар Печков

За девет и пол месеци оваа 2019-та локалната власт сработила 300 проекти, што е повеќе отколку во целата 2016-та година. Или во пари за не цела година биле потрошени 87 милиони денари, наспроти  77,3 милиони во 2016-та. За две години откако е на власт градоначалникот Коцевски реализирал 680 проекти, што повеќе од претходните две кога имало 480. Ова го кажа Коцевски, на прес конференција, која беше отчет за сработеното во изминатите две години мандат.  

Во јавноста вештачки е создадена слика дека сега помалку се гради. Тоа не е точно, бројките од извештаите покажуваат и докажуваат, дека се трошат повеќе пари отколку претходно. Критики доаѓаат од виновниците, тие што ја презадолжија  Општината и го донесоа ЈКП Дрвен до ова дереџе, што е нечесно и неморално.   Решив да работам, градам, но и да ги исплатувам долговите. Затоа сум задоволен од тоа што успеавме го сработивме, во услови на екстремна презадолженост. Секој нека појде од сопствениот двор. Ако сте задолжени, сигурно парите нема да ги трошите на скапи градби, луксузни автомобили и патувања - порача Коцевски. 

Низ бројки објасни дека трошоците за репрезентација од 1,3 милиони денари во 2016-та ги намалил на 104 илјади денари годинава. Патните дневни трошоци биле намалени од 1,37 милиони во 2016-та на 400 илјади годинава. Трошоците за гориво од еден милион во 2016-та биле намалени на 600 илјади годинава. За две години, од надворешни фондови обезбедени се 13 проекти, вредни 2 милиони евра.  Коцевски одговори и зошто се одлучил да се инвестира во руралните средини. Го посочи истражувањето на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион според кој состојбите во селата во се многу лоши. 

Од 29 села патна инфраструктура има само во 41.3% или во 12 села, водовод во 37.9% или 11 села,  канализација само во 24.1% или 7 села, а пречистителни станици во само 10% или 3 села. Незамисливо е во 21 век жителите да газат по кал и да се подложени на заразни болести заради недостиг на чиста и здрава вода за пиење. Затоа и првиот дел од мандатот го посветив на надминување на овие катастрофални состојби.  Овие проекти се приоритет и за донаторите и затоа се најзастапени -  кажа  Коцевски.

Објави дека  по децении стагнација ЈКП „Дервен“ денес имал обновен возен парк и механизација во вредност од  925.955 евра а дел од средствата биле обезбедени со враќање на долгот кој Општина Велес го имал кон ова ЈП. 

Одговарајќи на новинарско прашање, дали до година ќе има Питијада, Коцевски одговори: Доколку тоа им е важно на граѓаните, ќе ја организираме. Но за тоа треба интерес да има и кај бизнис заедницата од угостителството. Годинава беше мошне мал. Ќе беше концерти на отворено без  штандови. За илустрација ланските фактури за двата штанда,  уште ги нема платено, наследникот на Жито Вардар. Исто е из Вардарската регата. Таа има организатор, здружение на граѓани, кое не пројави интерес се откажаа а ние како локална власт имавме обезбедено средства.  За театарскиот фестивал Стоби имавме средства, но Министерството за култура не го поддржа, велешкиот театар немаше пригодна претстава, институцијата локалитет ,,Стоби,,  не дозволува таму да се одржуваат престави - појасни Коцевски. Тој на крајот од прес конференцијата кажа дека вложувал максимални напори, постигнато било многу, можени не толку видливо, но тоа ќе се види во наредени две години.  

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Акција за собирање на електричен и електронски отпад

Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон.

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати