Кој се кандидира за градоначалник и за советници во општините Градско, Лозово и Чашка

Петар Печков

        ОИК (Општинска изборна комисија )  Градско

Има поднесено две  кандидатури за градоначалник на Општина Градско: - Киро Нацков  од  ВМРО-ДПМНЕ со  коалиција „Обнова на Македонија“,  Роберт Бешовски - актуелниот градоначалник на општината од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Има три  листи за советници,  на коалициите  на СДСМ и  ВМРО-ДПМНЕ  и „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев.



         ОИК (Општинска изборна комисија )  Лозово

Има поднесено пет кандидатури за градоначалник на Општина Лозово: - Бошко Цветковски од  ВМРО-ДПМНЕ со  коалиција „Обнова на Македонија“, Ацо Велковски - актуелниот градоначалник на општината, од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ,  независниот  Јордан Павлов, ТМРО- Јовица Анакиевски, од ПОДЕМ - Велин Николов.

Има осум листи за советници, коалициите  на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ и ЛДП, партиите ТМРО на Ванчо Шехтански, „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, Демократска партија на Турците во Македонија, ПОДЕМ и независната листа на Владе Миланов.


       ОИК (Општинска изборна комисија )  Чашка

Кандидати за градоначалник на Општина Чашка се пријавени тројца, Суад Шаќири од ДУИ, Зоран Здравевски од  ВМРО-ДПМНЕ со  коалиција „Обнова на Македонија“ и Горан Стојановски од СДСМ- актуелниот градоначалник на општината, од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ.

Има пет листи за советници, освен коалициите  на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ  и „Сите заедно“ на ДУИ, Алијансата за Албанците и Алтернатива , кандидатури поднеле и од ВМРО-НП и  независна листа на група избирачи Муамед Ахмедов.

Информациите се добиени од претставници на Општинските изборни комисии

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе гласате на локалните избори, закажани за 17-ти октомври?

  • да
  • не
  • уште не сум одлучил/а
Резултати