Петар Печков
Објавено: петок, 21 ноември 2025
СВР Велес со кривична за вработен контролор кој ја прекршил законската процедура за издавање на оружје. Поднесена е кривична пријава против Н.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
„Пријавениот, како самостоен референт - контролор во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи при СВР Велес, постапувајќи по предмет за одземање на оружје и дозвола за поседување на оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка, иако бил истечен законски утврдениот рок, пријавениот спротивно на одредбите од Законот за општата управна постапка, ја повторил постапката и изготвил решение со кое ја запрел и покрај тоа што за истиот предмет Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен Скопје донела решение со правна поука во која лицето било упатено на поведување управен спор пред надлежен Управен суд. Со наведените дејствија, пријавениот му овозможил на лицето да му биде вратено одземеното оружје и дозволата за поседување на оружје“ – соопштија од МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Т. ќе поднел предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.
