Петар Печков
Објавено: среда, 22 јануари 2025
Во првата годинешна акција за крводарување собрани се 32 крвни единици. Таа се одржа во просториите на театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот во терминот од 9 до 14ч. При то беа собрани 32 крвни единици. Организатор беше Општинската организација на Црвен крст од Велес и Заводот за трансфузиона медицина Скопје.
Од Општинската организација информираа дека лани, во 2024 година собрани биле вкупно 3826 крвни единици. Годишнииот план за Велес е 1860. Или во проценти планот е реализиран со 205,7 проценти Споредбено со 2023 година кога биле собрани 3.839 крвни единици, изминатите 366 дена има 13 помалку.
Со толку собрани крвни единици, Велес зедно со Чашка и Градско на државно ниво се рангира на 4 место, зад Виница, Центар и Кавадарци. Сите овие четири општински организации на Црвен крст се единствените во Македонија, каде планот е исполнет со над 200 проценти.