Лани навалица на транзитни туристи во Велес, скоро двојно повеќе од претходно (видео)

Петар Печков

За скоро 85 отсто е зголемен бројот на туристи кои престојувале во Велес минатата година во однос на 2023 година. Во 2024  во хотелските објекти во градот и околината престојувале 21.016 турист од нив 7.409 домашни а 13.607 странски. За споредба во 2023 имало 11.446 гости, од нив 3.866 домашни и 5.558 странски. Или во просек туристите во Велес престојувале 1,4 дена, што е повеќе од тие во 2023 година - 1,1. Ова е во прилог дека во градот престојуваат транзитните туристи. Ова е највисока бројка на труисти во Велес досега. Претходно рекордна беше 2019 со 20.150 гости, потоа со ковид пандемијата бројките опаѓаа. 
 
Според националноста, најбројни се туристите од Србија со 4.653  гости кои преноќиле 5.237 дена. Втори се државјаните на Романија со 1.605 гости и 1.726 ноќевања, што е двојно повеќе од лани, кога беа трети. Трети се Унгарците со 965 гости и 1040 ноќевања а лани беа втори. Сите овие туристи  преноќувале 1,1 ден, што е во прилог на тезата дека се транзитни туристи, а месеците кога тие прсетојувале во Велес, од јуни до септември,  е потврда дека биле во хотелите во градот од или на враќање од одмор во Грција. Од транзитните туристи во голем број се присутни и Полјаците.
 
Четврти според бројот се гостите од Грција 797 со 1.996 ноќевања што е престој од два и пол дена. Овие гости во Велес се туристи со престој во градот, ловџии за  ловиштата во велешко. Петти се Германците со 776 гости и 1.568 ноќевања или две вечери во градот. Најмногу дневен престој во Велес имаат Италијанците, со три дена во просек. Како и со јужниот сосед и тие се ловџии кои доаѓаат на лов во општината. Ловџии доаѓаат и од Шпанија кои престојуваат по два дена, но не во толкав број  како претходните години, и не како Италијанците и Грците.
 
Опаѓа бројот на гости од Бугарија и Турција, кои порано беа меѓу најборјните. Тие што имаа најмногу дневен престој во Велес, пред некоја година со по седум дена, беа гостите од САД, но со прекинот на ангажманот на волонтерите во проектот на Хабитат, нив ги снема.  Има зголемен број на туристи од Словенија, за разлика од досега, кои во Велес престојуваат по ден и половина.

Некои од хотелите се веќе бренд и странските туристи со години се нивни гости.

„Имаме зголемен број на туристи кои доаѓаат од Балканот,Србите, осетно е зголемен бројот на Романците, Унгарците, и  голем број на нови туристи - Турците. Тоа се должи на нашата местоположба,   локација покрај автопат, трaдиционално добрите услуги, хотелски и угостителски. Сите кои претходните години биле гости, повторно доаѓаат задоволни од тоа што го добиваат тука“ – кажа Сашко Лазаров, сопственик на хотел Романтик. 

Можност за попатен одмор даваат и бројните винарии лоцирани во централна Македонија. Виното и храната ја продаваат македонската приказна.

„Транзитниот туризам има голем потенцијал, посебно во сезоната, кога голем број на туристи поминуваат овде. Се трудиме да ги привлечеме со убав однос, добра храна, добро вино, со добра приказна. Да ја раскажеме винската приказна, да уживаат покрај лозовите насади, да се одморат , некои и преноќуваат. Од неодамна имаме и можност за сместување, мал хотел. Да застанат одморат на патот за Грција. Македонија е позната по доброто вино и квалиететната храна, тоа е одличен магнет. Имаме и капмери од Холандија и Германија, им дозволуваме бесплатно да преноќат на паркингот“ – кажа Сашко Атанасов, ПР на винарија Шато Сопот. 

Привлечен пред се за странските гости е локалитетот Стоби, неколкувековната историја на неколку  хектари површина е местото кое е магнет за сите кои се на минување по автопатот Куманово- Гевгелија. Театарот, Епископската базилика, Теодосијанската палата, куќата на Перистерија, Синагогата, градбата со Арки се објекти предизвик за туристите. За странците на пропатување е привлечна и Спомен Костурницата во Велес, како пример на бруталистичка архитектура но и најголемиот мозаик во Македонија, дело на Петар Мазев на површина од 220 м2.


За понудата да биде поголема, потребно е Турустичкото биро, кое шест години стои неискористено и празно да се активира, да се отвори, но и да се уреди пристапот до езеро Младост од двете страни на автопат. 

Во текстот се користени бројки од Заводот за статистика на Република Северна Македонија.
 
При презентирањето на анализата да се објави дека таа е изработена од порталот Тирековмирече.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати