Летово Градскиот базен ќе го работи ЈП Парк спорт и паркинзи

Петар Печков

Советот донесе одлука со Градскиот базен ова лето да стопанисува ЈП Парк спорт и паркинзи. Тоа се однесува на следните летни месеци, откако на јавниот повик немаше заинтересиран закупувач, кој би го работел објектот.

„ЈП Парк спорт и паркинзи  имаат шифра во својата дејност да работат, оваа сезона да стопанисуваат со Градскиот базен. Се надевам дека до крајот на месецов тој ќе биде отворен. Освен оваа одлука на следната е потребно да се донесе уште една. Нема да дозволиме тој да биде затворен летово. Интересот за негово закупување е намелен, оти се отворија бројни базени по хотелите, каде не се наплатува а овде се плаќа влез. Две години имаше ковид пандемија, опадна интересот за негово користење“ - рече Марко Колев градоначалник на Велес.  

Во работата на градскиот базен ќе помага и ЈКП Дервен, со снабдување на вода, пречистување на водата, обезбедување  филтри.  На следната седница на Советот, УО на ЈП Парк спорт и паркинзи, треба да го достави ценовникот за посетителите, по што тој би започнал со работа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати