Лица сомнителни на ковид, користат такси за превоз до Болница, таксистите на удар

Петар Печков

Bелешките таксисти се на удар на ковид заразата поради напливот на пациенти кои ги користат такси услугите, кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција  по седницата на Општинскиот кризен штаб.  Таксистите се на удар, откако дел од велешките пациенти, сомнителни на ковид-19 ги користат такси  услуги за превоз до Болница.

Во Болницата доаѓаат се потешки здравствени случаи. Службата на итната помош поради зголемениот обем на работа  не може да престигне да ги пренесе сите случаи, позитивни или сомнителни, па дел од нив во отсуство на друг превоз користат такси услуги и затоа таксистите се најмногу изложени на закана од заразата  овие денови- рече Коцевски и додаде дека се бара решение како да се сопре оваа состојба.  

Градоначалникот соопшти дека кризниот штаб бара од работодавачите во општината, таму каде што има кластери нова дополнителна мерка, во интерес на здравјето на вработените.      

Препорачуваме да се даваат паузи за да се прави проветрување на просториите, таму каде што има поголем број вработени - дополни Коцевски.  Објави дека  во општината има вкупно седум деца и ученици позитивни на ковид-19 и 14 наставника и воспитувачи од градинките со корона вирус. 

Во општината има вкупно седум деца и ученици позитивни на ковид-19 и 14 наставника и воспитувачки од градинките со корона вирус  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати