Локализиран пожарот кај Железничка станица Рајко

Петар Печков

Околу пладне локализиран е пожарот кој гореше над Железничка станица Рајко, близу Велес. Проценетата површина која го зафати огнот е околу 250 - 300 хектари.  Во гасењето на огнот учествувале две возила со десет пожарникари од ТППЕ Велес, вработени од ШС „Бабуна“ Велес,  15 вработени од Дирекција за заштита и спасување.   

„Огнот кој  зафати ниско стеблеста дабова  шума, прнар, сува трева и трња е локализиран, остануваат екипи за негова  ликвидација.  Вчера попладне околу 17ч., повторно пламна откако ветер го разгоре, во текот на ноќта беше под контрола за денес пак да пламне но е локализиран“ - кажа Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.  

Во текот на вчера попладне интервенирал и противпожарниот воз со вработени во железница, кој создале заштитен појас околу железничката станица Рајко, во широчина од 200 метри. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати