Локалната власт започна со отстранување на дивоградби и времени објекти, кои не се користат

Петар Печков

Локалната власт на Општина Велес започна со отстранување на  времените објекти или објектите кои немаат дозвола. Но наместо тоа да го прави фирма, која по повеќе години била ангажирана од страна на општината, отстранувањето било после разговори со лицата кои ги користеле објектите но немале имотен лист дека се сопственици.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, согласен со јавноста, дека тоа е грда слика. Посебно при влезот во градот, кога гостите прво што гледат се лимените бараки.

„Досега се срушени пет  објекти. И тоа без користење на механизација, туку во разговор со корисниците на тие времени објекти или бесправно изградени. Продолжуваме и натаму. Но пред се со разговор со сопствениците, како што беше со овие срушените. Тоа е најдобриот начин. Имаме и фирма, и доколку биде потребно тоа да се користи, ќе биде на езеро Младост, да се спречи изградбата на дивоградбите. Продолжуваме во градот  со обејктите кај ДОЗ. Поранешната лебара на Жито Вардар е легализирана и се надевам дека ќе најдеме решение. Тој планира да ја продаде бараката и да ја дислоцира. Еден објект спроти Тутунска банка се тргна а очекувам дека наскоро ќе се отстрани уште еден. Работиме чекор по чекор. Нема селективност во работата на градежната инсепкција. Урната е една гаража близу Мало мовче, каде ќе се гради паркинг. Му се јавивме на сопственикот, тоа е времен објект и сам го сруши“- кажа Колев.

Најавува дека   ќе се обиде  да исчисти уште една грда слика на градот, но со новото раководство на ЈП за стопанисување на деловен фонд. Ќе бара  отстранување на  бараките на Нов мост, кое досегашното раководство не размислувало ниту разговарало  да ги отстрани. Ова е прва акција на  отстранување на дивоградби и времени објекти, кои не се користат во Велес, после двесетина години. Акција која започна во време на изборна кампања и помина без реакции од корисниците.  Актуелниот градоначалник Колев кажа дека градежната инспекција извршила контрола на сите градби на езеро Младост и констатирале дека нема дивоградби.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати