Локалната власт и ЈКП Дервен од денес, понеделник, со редовно работно време

Петар Печков

Општинската администрација на Општина Велес од денес, понеделник,  27 април започна да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот.

И вработените на ЈКП Дервен продолжуваат да работат со полно работно време, од 7 до 15 часот. 

Ова доаѓа откако времетраењето на полицискиот час, поради состојбата со ковид-19 е намален.

Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и 14:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.

Граѓаните и натаму своите сметки можат да ги плаќаат во ЈКП Дервен но при тоа се запазуваат пропишаните мерки за заштита од корона вирусот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати