Локалната власт одлучила, не смее да се гради објектот на плоштадот Варналиите

Петар Печков

Локалните власти одобрението за градба на куќата во месноста Варналиите го огласиле за ништавно. Ова доаѓа по реакциите на жителите од овој дел на Велес, старото градско јадро каде се наоѓаат пет куќи кои се заштитени како културно наследство.   Просторот околу куќите е еден од знаменитостите на градот а тука се наоѓа еден од десетте заштитени јавори во Велес, како природна реткост.

Пред половина година, пролетва, започна со градба куќа на плоштадот. Сите бевме изненадени, оти тука се наоѓаат куќите на Варналиите а објектот се гради под јаворот, кој е исто така заштитен и не смее да се сече. Реагиравме до локалните власти, бидејќи не се почитувани нормативите - велат жителите од соседството.   

По  согледувања на состојбата, надлежните во Општина Велес донеле решение дека таму не може да се гради објект. Градоначалникот објаснува грешката не е наша.  

Направена е грешка од страна на Геодетската управа. Земена е грешна геодетска подлога, која не одговара на реалноста и ако објектот се изгради, таму каде што е, треба да се сече од јаворот. Тој е заштитен со Закон и затоа одлучивме да го повлечеме одобрението за градење, ризикувајќи да бидеме тужени од страна на инвеститорот. Грешката не е по наша вина. Застанав на страна на граѓаните,  не на комерцијалните инвеститори  - изјави градоначалникот Аце Коцевски.    Инвеститорот на изградбата на објектот веќе ја започнал постапката на тужба на одлуката на Општина Велес. 

Поврзани »

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година Детали

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

  • гледам тв
  • гледам серии на интернет
  • слушам музика
  • читам книга
  • играм игри, карти
  • разговарам на телефон
Резултати