Македонската телевизија со пет канали, еден за спорт, забава и музика

Петар Печков

 Врз основа на член 107 став 1 алинеја 9 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл. весник на РМ бр. 184/13, 13/2014, 44/2014,101/2014, 132/2014,132/2017) и член 12 од Статутот на ЈРП МРТ, Програмскиот совет на ЈРП МРТ на 77-та седница одржана на ден 25.12.2018 година, на предлог на Директорот на МРТ со бр.03-6756/1 од 24.1 2.2018 г.,  донесе ОДЛУКА за нови Програмски сервиси од јавен интерес на ЈРП Македонска Радио Телевизија, односно обезбедување на 5 (пет) нови телевизиски програмски сервиси од јавен интерес на МРТ, и тоа:

Втор програмски сервис на МТВ–24 часовен канал на албански јазик;

Трет програмски сервис на МТВ–Канал 3–музика/забава/култура/спорт;

Четврти програмски сервис на МТВ–Канал 4–Канал за документарна програма и програма на етничките заедници; и

Петти програмски сервис на МТВ – Канал 5 – Детска програма.

Aнета Андонова, одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ, го објасни значењето на носењето на вакви нови канали, односно дека истото е идеја која долго време се преговара и договара и се чека на нејзино реализирање, при што во иднина ќе се реализира нова програма и најважното ќе се добијат нови категории на гледачи.

Мигена Горенца одговорен уредник на втор програмски сервис МТВ која истакна дека со оваа одлука ќе се официјализира вториот канал на албански јазик но со напомена дека оваа ќе остане  на хартија а доколку конечно не се добијат ветените средства, а со тоа и новите вработувања и техника истиот нема да може да профункционира. 

Еран Хасипи уредник на програма на турски јазик објасни дека со ова и турскиот јазик ќе добие повеќе простор како и за реализација за повеќе програма на турски јазик и на другите помали етнички заедници, но мора да се има во предвид дека со тоа ќе дојде и до потребата од повеќе финансии за нов кадар,техника и простор односно студија за реализација на истата програма.

Поврзани »

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2025 година

Покренување Иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2025 година

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги поддржувате казните за пешаците кои минуваат со мобилен преку обележан пешачки и за возачите на тротинети и велосипеди, ако користат телефон или слушалки?

  • да
  • не
  • казните се ниски
  • казните се високи
Резултати