Марјан Зафиров најмустаќ на Велес, Велимир Арсов со утешна награда за мустаќ во обид (фото)

Петар Печков

Марјан Зафиров е најмустаќ на Велес а мустаќ во обид Велимир Арсов.Ова е изборот на завршницата од настанот, одржан во ПАБ, организиран од  здружението Мовембар од Велес, кога се избираа највелешани по изглед на „машката гордост“ мустаќите.

Тие имаа обврска да ги носат и обликуваат 30 дена од месецот ноември, кога преку повеќе неформални содржини, меѓу другото и со пуштање мустаќи, се подигаше свеста за машкото здравје и за болестите  рак на простата и рак на тестисите. 

Признание за највозрасна група добија четворица велешани Миле, Дејан, Драган и Павел кој заедно имаат 243 години и го популаризираат  движењето мовембар, не само оваа година, туку и годините наназад.

На забавата дојде и велешанката пејачката Ноне Неделковска, која овој период од годината се врати дома, во Велес. Годинава завршната забава најмустаќ на Велес, се одржа по 11 пат.

Изминатиот месец здружението продаваше и маички и други предмети-сувенири, од чија продажба се собираат средства, кои дополнително ќе се одлучи каде ќе се вложат.

На завршната вечер имаше и донаторска каса, во која присутните пуштаа пари, кои заедно со останатите ќе се наменат за  добротоворна цел. Лани се купи апарат за уролошкото одделение од велешка болница. Годинава заедно со оваа здравствена институција беа поделени 50 ваучери за ПСА тестови на простата. 

 фото: ФБ Мовембар

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати