Маслодајна -се работи на горилникот, затоа се јави густ црн чад

Петар Печков

По жестоките реакциите на велешани на социјалните мрежи, на кои вчера попладне, вторник, се гледа како црн густ чад излегува од оџакот на велешка Маслодајна, се јавија од  менаџментот на Прехранбената индустрија ,,Благој Ѓорев,, со информација за тоа што се случува.

За сите случувања известени се надлежните институции, согласно Законот. Овие денови од страна на стручни лица  се работи на горилникот, со цел да се средат сите потребни работи, согласно стандардите. Свесно и одговорно преземавме потребни мерки, без никаква намера за загадување или било каква штета по околината и нашите сограѓани - стои во писменото соопштение од ПИ Благој Ѓорев.

На крајот од него додаваат дека   ,, и ние и нашите семејства сме дел од оваа средина,,.

фото ФБ 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати