Маслодајна чека градежна дозвола за нова инвестиција, но не поднела основен проект

Петар Печков

Велешка Маслодајна се жали дека три години чека да добие градежна дозвола за да  се инсталира нова опрема, од локалната власт објаснуваат  дека е потребен основен проект. На денешните две одвоени прес конференции, раководството на Маслодајна и на градоначалникот на општината, се слушаа спротивставени ставови за тоа кој ги сопира инвестициите во фабриката, која брои 180 вработени. 

Вложени се три милиони евра во најнова опрема за производство на масло и маргарин од светски познатата компанија  Свесхал   која е бр. 1 во светот, а ние немаме добиено градежна дозвола која ја чекаме три години   Досега не е завршена инвестицијата   оти немаме дозвола. Со оваа опрема ќе се зголеми производството, ќе има   почиста животна средина и поквалитетен производ - рече Олгица Стојанова  директор на производство во ПИ Благој Ѓорев.

Архитектонско- урбанистичкиот  проект е одобрен на 25 октомври 2019-та година, идејниот на 11-ти декември 2019-та. Се уште до денес, ПИ Благој Ѓорев нема доставено основен проект за да добијат одобрение за градење. Не може било кој без основен проект  одобрен од одделението за урбанизам,  да очекува да добие одобрение за градба. Не може да се набави опрема па да се бара одобрение за градба, туку процесот е обратно. Тие се сами виновни што започнале обратен редослед на нештата  - изјави градоначалникот Коцевски.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати