Министерката Петровска и генералот Ѓурчиновски во посета на касарната во Велес

Петар Печков

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и  началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска беа во посета на Командата за обука и доктрини (КОД) во Касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.

Командантот на КОД, Васко Коколански, ја информираше министерката Петровска за задачите и активностите кои се реализираат во КОД, Планот за развој на АП „Криволак“ 2023-2028 година, основната обука на професионалните војници и курсевите за подофицери.

Министерката Петровска го посети Центарот за симулации каде се изведуваат симулирани компјутерски асистирани вежби до ниво на бригада. Една од позначајните симулациски вежби, која е реализирана во овој центар, е вежбата „Seven stars“, изведена во соработка со Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG. На брифингот Петровска беше запознаена за можностите кои ги нуди овој центар, кој може да се искористи и за симулирање на вежби за заштита на критичната инфраструктура.

Петровска ги посети и припадниците на Армијата кои посетуваат курс за први подофицери, како и дел од ново примените професионални војници кои ќе бидат во состав на родот пешадија, а кои во моментов извршуваат стручно- специјалистичка обука.

При денешната посета, министерката Петровска и генералот Ѓурчиовски направија  увид на реновираниот објект во велешката касарна, чија намена е сместување и изведување обука. Објектот е целосно реновиран согласно највисоките стандарди за ваков вид објекти.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати