Мирна новогодишна ноќ во велешка болница, без тепачки и сообраќајки

Петар Печков

Највеселата ноќ во годината  новогодишната, во велешко помина мирно без инциденти. Но со пациенти кои биле во алкохолизирана состојба. За интервенциите на Ургентинот центар при ЈЗУ Општа болница Велес, информација од д-р Ана Марија Џунџева. Таа  била дежурна изминатата ноќ.

„После полноќ примивме тројца пациенти во алкохолизирана состојба, најмладиот беше на 19 годишна возраст, повозрасниот на 43. Сите тројца се машки немаше девојки. Беа донесени од страна на нивните семејства. Претходно пред полноќ  примивме уште двајца пациенти  кои беа исто така во алкохолизрана состојба. Едниот од нив беше на 15 годишна возраст. По полноќ имавме 19 годишен пациент, повреден при пад, со повреда на коленото и тој беше во алкохолизрана состојба. Немаше повредени во сообраќајки, немаше повредени во тепачки“ – кажа д-р  Џунџева.

Нејзината информација  за мирна новогодишна ноќ ја потврди и Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес, каде во текот на новогодишната ноќ немаше информации за било каков инцидент.

Мирна ноќ имале и во службата за Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом, каде немале интервенции поради инциденти.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати