Може ли Хотелот во Горно Врановци да биде повторно сместувачки капацитет (фото)

Петар Печков

Во посета на Општина Чашка, се гости од збратимената општина Чили, дел од Измир Турција. Таму живеат околу 200 илјади граѓани а во два реони Малтепе и Јени маало,  македонски муслимани по потекло од Горно Врановци и Мелница. Токму затоа и гостите од пријателската Турција, беа во посета на овие две села.  Меѓу другото делегацијата на гостите, во која има стопанственици и иселеници, се интересираше за хотелот во Горно Врановци, кој е напуштен,  руиниран и  во очајна состојба. 

Да видиме што во наредниот период, заедно двете општини можеме да работиме, вклучувајќи ги и иселениците.  Ова се однесува на хотелот, кој е напуштен подолго време. Да  сториме нешто, жителите кои потекнуваат од овој крај, регион, кога доаѓаат   да имаат место  каде да престојуваат - кажа градоначалникот Горан Стојановски. Во рамките на објектот би се создала спомен соба,  во која ќе се чуваат спомените на иселениците, кои потекнуваат од овој крај.  Општините Чашка и Чили - Турција  се збратимени од  пролетва. 

Интересни за нас се економската зона, тука во општина Чашка, каде наши бизнисмени би можеле да инвестираат. Хотелот по предлог на градоначалникот, откако ќе ја добиеме документацијата од Општина Чашка, ние со нашите стопанственици и иселеници ќе предложиме што да се прави и се надевам дека ќе има позитивна реакција - кажа Селим  Утку Ѓумрукчу градоначалникот на Општина Чашка. 

Дел од жителите кои се на поголема возраст доаѓаат. Сакам  и помладите да ја живат ова приказна, сакам од се срце да се реализира и ќе работиме на тоа - рече  Муамет Гешимовски иселеникот кој е роден во село Горно Врановци а на десет годишна возраст со родителите заминал за Турција, во Измир.  

Гостите од Чили - Турција ги посетија и спомен собите во историското Горно Врановци. Тука на сред село беа пречекани од љубезните домаќини, кои им подготвија локални специјалитети. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати