Момче на 21 годишна возраст загина по удар од воз

Петар Печков

Дваесет и едно годишно момче од Велес трагично го загуби животот, во железничка несреќа, која се случи на пладне, во близина на подвозникот за Мало мовче.  Трагедијата се случила околу 11,20ч. кога товарниот воз од Гевгелија за Табановце удрил во момчето Т. И. (1999-та), соопштија од увидната комисија на МЖ.

Постапетно е по повик, констатирана е смрт на лице родено 1999-та година, кај кого се констатирани политрауми - изјави д-р Василка Пановска, началник на Итната служба.

Сведоците велат дека момчето седело на ѕидот кај КАМ, и кога дошол возот, застанал на пругата.  Поради несреќата, товарниот воз, кој беше на двата патни премина, на мост Гемиџии и  Стар мост, беше причина, за да се премине од левата на десната страна на градот и обратно, да се патува преку Башино село.

Околу 14,30ч. по завршувањето на увидот, возот го напушти местото и патните премини се ослободени, па патничкиот сообраќај се одвива без пречки

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати