Мостот на Вардар кај Башино Село е пуштен за сообраќај по една лента за сите возила, по новите испитувања на стручњаците од Градежен факултет

Петар Печков

Мостот на реката Вардар кај Башино Село е пуштен за сообраќај, од ЈП за државни патишта (ЈП ДП) најaвија дека тоа е времено решение.  Сообраќајот се одвива со наизменично пуштење на возилата, по средината на мостот, што се регулира со светлосна сигнализација. На него можат да сообраќаат  автомобили, како и камиони со носивост до 40 тони. За оваа решение ЈПДП ги добило потребните дозволи од МВР.

„Врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес,  го стави во времен режим на сообраќај.  Времен режим за регулирано одвивање на сообраќајот преку мостот е  до воведување во работа на идниот Изведувач на временото зајакнување на мостот“   информираа од ЈП ДП.

По извршените дополнителни испитувања од стручни лица, професори на Градежен фаакултет,  одлучено е дека може да  има движење по средината на мостот, оти тие столбови, по широчина на мостот,  според анализите не биле оштетени, додека тие лево и десно, крајните од седумте на кои мостот се потпира, се оштетени.  Санацијата ќе  чини 320 илјади евра,  ќе се третира долниот дел од мостот, горниот дел нема да се работи, да не се размрда од гребење на асфалтот и ставање на нов.  Ќе се поставува нов материјал на столбовите за да се зацврстат, најсовремено решение, третирање на мостот од внатре.  Монтирана била  најсовремена  опрема под самиот мост, која  врши мониторниг 24 часа од безбедносни причини, секое движење по него се евидентира.

На прашањето  кога ќе започне најавената реконструкција и кој ќе биде изведувачот од ЈП ДП кратко одговорија „Процесот е во фаза на еваулација, односно во фаза на избор на изведувач“. Тие соопштија и дека на јавниот повик за проектант на новиот мост, кој треба да се гради под постојниот, на стотина метри оддалеченост, се пријавиле три понудувачи и процесот е во фаза на склучување на договор. Краткорочното решение, санацијата на мостот кај Башино Село, треба да го продолжи неговиот  век на користење за  5-10 години.

„Целта на временото пуштање на мостот, е  да се растовари сообраќајот во градот.  Најлесно е да го затвориме и чекаме да почне реконструкцијата, но правиме, се за да се реши проблемот со сообраќајот во центарот на градот, да го олесниме животот на велешани“ – кажа неодамна пред членовите на Советот,  градоначалникот Марко Колев.

Мостот беше итно затворен на 3 јануари, по барање на Државниот сообраќаен инспекторат, откако од Градежниот факултет стигнале резултатите од редовната контрола која се извршувала два пати годишно, на оштетени мостови. Тие покажале дека мостот е небезебден.

Тогаш беше најавено дека мостот ќе биде реконструиран за три месеци. Новиот времен сообраќај создаде сообраен хаос низ градот, кога од еден во друг дел на Велес се патуваше по 30-40 минути. Мостот на Вардар, кај Башино село го користат тешки возила, кои преку него влегуваат во индустирискиот дел на градот, но и за регионот на Азот, каде има каменоломи и се врши сеча на огревно дрво.

Сега сите тие камиони во текот на ноќните часови, кога е доозволено да сообраќаат низ Велес, минуваат низ центарот на градот. Мостот  е изграден 1971 од ЈНА како времен објект.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати