Петар Печков
Објавено: недела, 30 ноември 2025
Победи за водечката двојки, двете екипи од ОФС Велес, ФК Превалец и ФК Борец, кој имаат по 28 бода, но превалчани се со подобра гол разлика и се први. Во локалното дерби во Превалец, постариот тамошен лигаш ФК Превалец со 3:0 го совлада ФК Башкими од Горно Јаболчиште. ФК Борец на гостувањето во прилепско Кривогаштани победи над 7-мо пласираниот ФК Младост со убедливи 1:5. ФК Тополка на гостувањето во Крушевски Бучин, загуби со 1:4 од истоимената екипа , која е 9-то пласирана со 12 бода. По ова 12 коло, ФК Башкими е 11-ти со 9 бода а ФК Тополка е 12-та со 8 бода.
Во следното, последно есенско коло ФК Борец го пречекува ФК Бучин, ФК Превалац гостува на последнопласираниот ФК Дреново, кој има само еден бод, а ФК Тополка игра дома со четвртопласираниот ФК Росоман, додека ФК Башкими игра со ФК Питу Гули од Крушево кој е 5-ти.
