Навивачите на ФК Борец со поддршка за клубот и останок на финансиерот Анѓушев

Петар Печков

Навивачката група „Гемиџии“ одржа протест за поддршка на ФК Борец. Протестот се одржа на платото пред велешки театар. Освен навивачите присутни беа и дел од постарите фудбалери, кои ја искажаа нивната поврзаност со клубот.  На овој начин тие го искажаа револтот како што нагласија, против уништувањето на еден колектив, ФК Борец и  борбата против мафијашка ФФМ.

Проблемите помеѓу Федерација и претседателот на ФК Борец Кочо Анѓушев се лесно решливи. Тој бара еден претставник во ФФМ и тројца делегати во ОФС Велес. Веруваме дека тоа не е нерешлив проблем. На овој протест даваме поддршка на Анѓушев, да остане да го финансира клубот.  Ние како навивачка група стоиме на располагање како мост помеѓу овие две страни а во интерес на клубот. Интересите на ФК Борец се над се. Ние не заземаме страна, не напаѓаме никого а го браниме Борец. Ако и на двете страни Борец им е над се, не гладам причина да се надмине состојбата  - рече Ристе Најдов, дел од навивачката група „Гемиџии“.

Во ситуација кога и  Лазе Ракиџиев,  старо новиот претседател на ОФС, останува цврсто на ставовите дека Изборното собрание на ОФС Велес е регуларно, нема неправилности и нема место за ново изборно Собрание, наспроти барањата на Анѓушев за делегат на ФК Борец во Собранието на ФФМ, малку е веројатно дека може да се најде излезно решение. 

Наместо најавените подготовки во Струга, каде требаше утре,сабота да заминат фудбалерите на ФК Борец, тие ќе се подготвуваат на Градски во Велес. Но и разочараноста кај нив од ново настанатата ситуација е евидентна и од стравот дека ќе останата без егзистенција.

Може да се најде решение за ФК Борец и ОФС Велес. Иста таква состојба е и во ОФС Битола. Читаме дека има исти проблеми и во ОФС Кичево. Затоа мислам дека има место двете страни да седнат и се договорат, ФК Борец да добие делегати на Собранието а Анѓушев да остане да го финансира ФК Борец- кажа Павле Лазаровски, навивач на ФК Борец.

Денес со соопштение реагираше и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Агенцијата за млади и спорт како државен орган надлежен за спортските активности, до јавноста го искажа своето незадоволство од начинот на кој функционира нашата најголема спортска федерација, ФФМ.

Според агенцијата, Фудбалската федерација не постапи согласно наводите и диспозитивот на решението, туку спротивно на тоа продолжи да функционира со истиот Статут, којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право, и спротивно на решението донесено од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.     Европската куќа на фудбалот УЕфА, не дозволува мешање на државата во работата на националните  фудбалски федерации.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати