Наградени најдобрите од 22 издание на Меѓународниот стрип салон во Велес

Петар Печков

Доделени се наградите на 22 издание на стрип сaлонот во Велес.

Прва награда „Златен стрип“ и 300 евра, за стрипот „Мрак“  ја добија Марко Стојановиќ -сценарио и Милорад Вицановиќ Маза цртеж и двајцата од Србија, втората награда „Back to the past“ за Никола Видачковиќ  од Србија за сценарио Србија и Игор Јовчевски од Македонија за цртеж. Трета награда „Залогај“  ја доби Далибор Дадо Пехар од  Хрватска.

За најдобар македонски стрип е прогласен  „Ехоата на Зал`ахим“ од  Војдан Андонов сценарио и Марко Марковиќ цртеж.

На конкурсот присигнале 400 стрипа од автори од 13 држави. Стрип салонот се одржа во Јуроп хаус во Велес, кој  годинава за прв пат ги награди младите македонски автори.

Признанијата ги добија за стрипот  „Родна Ивева – не умре од куршум, умре од предавство“ – Меланија Стојанова (сценарио и цртеж) и Анџело Џипунов (сценарио), Велес „Тешки времиња“ – Александар Танчовски (сценарио и цртеж), Скопје, „Strum!“ – Тамара Николова, Велес.

Најдобар дебитантски стрип е „Само фантазија“  на  Ања Стојадиновска, Куманово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати