Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 септември 2025
Скопска Апелација ја намали затворската казна на Саше Крстев (27 год) од село Виничани, од 13 на 11 години затвор, постапувајќи по жалбата на обвинетиот. Тој беше осуден за кривичното дело убиство.
Настанот се случил на 19 јули 2023 година, околу 15 ч. кога по меѓусебна расправија заради водоводна цевка, на сега починатиот Ангел Цековски (43 год) и таткото на Саше, тој со автомобил марка „фиат панда“ налетал директоно на Ангел и го усмртил на лице место.
Одбраната на Крстев со теза дека починатиот сторил сообраќајна несреќа а не убиство. Апелација ова не го прифатила, но сепак му го намалила времетраењето на казната затвор на обвинетиот.
Обвинетиот го насочил возилото, не закочил и директно удрил во сега покојниот Цековски. Во моментот кога го сторил делото, бил пресметлив, управувал со своите постапки. Намерата да го лиши од живот починатиот била јасна бидејќи завртил кон лево, за да га избегне татка си и го удира Ангел, пишува во обвинителниот акт.