Намален е бројот на починати во велешко лани

Петар Печков

Намален  е бројот на починати лица во Велешко, без општините Градско и Чашка. Лани имало  издадени 584 одобренија за погреб во ЈКП Дервен  наспроти 600 во 2024 година а во 2023 имало  555.

Највисока бројка на починати во Велес и велешко, од после војната  од 1945  година имаше во 2021, во перидот на ковид пандемијата со 677 лица.  

Во одговор на поставеното прашање од ТрМр, во  2025  година ЈКП Дервен најмногу одобренија имало издадени за новите гробишта кај Раштани 196,  179 одобренија за погреб на градските гробишта кај црквата Св. Спас и 138 на градските гробишта кај црквата Св. Пантелејмон.  Освен овие има и  вкупно 71, за  муслимански погреби  и за во селата. 

Има случаи кога велешани кои живеат во странство, по последна желба нивните блиски ги кремираат и ги погребуваат во родниот град. Такви случаи не постојат во ниту една евиденција.

И во Управата за водење на матична евиденција канцеларија Велес, има опаѓање на бројот на издадени умреници. Лани  биле издадени 649 уписи за починати лица, наспроти  665  во 2024 година. Но ова се податоци за општините Велес, Градско и Чашка, како и за лица од други градови кои починале во велешка болница,  во 2023 имало издадени 617 докуметни. 

Драстично е зголемен бројот на самоубиства во велешко. Според подтаоците на СВР Велес, во општините Велес, Градско и Чашка, во текот на 2025 година биле евидентирани осум случаи на самоубиства, во кои седум биле мажи, а една била жена. Тоа е осетно повеќе  отколку во 2024 кога  три лица кои извршиле самоубиства, двајца мажи и една жена.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати