Петар Печков
Објавено: вторник, 06 јануари 2026
По втор пат младиот велешанец Лучијано Чорев, подели бесплатен Бадников ручек. Во 12ч. во центарот, пред НА-МА на штанд тој со неговите пријатели донираше пригоден поен ручек, годинава 900 порции, обездбедни од него.
„Да дава Господ сила, оваа хумана акција да ја продолжиме во годинире пред нас, да помогнеме на сите кои не можат да обезбедат празничен ручек. Овој оброк е за сите, без оглед на вера и нација. Тука сме се додека не се поделат сите порции“ – кажа Чорев.
