Во Градско, на мостот на Уланци крстот на Водици го фати Дарко Иванов (фото)

Петар Печков

Во Градско Чесниот крст на Водици од реката Вардар го фати Дарко Иванов. Тој беше најумешен помеѓу шестмината пријавени. Водосветот се изврши од мостот на реката Вардар кај Уланци. Иванов го даруваше свештник од Велешкото арихерејско намесништво на Повардарска Епархија на МПЦ-ОА и градоначалникот на Градско Киро Нацков.   

Сите шест млади лица кои се фрлиле по крстот претходно се договориле, без оглед кој ќе го фати, средствата што ќе се соберат од посета на домовите во Општина Градско, да бидат донацијата на средствата Христијан Лазовски, потребни за лекување.  

Фото Киро Нацков, градоначалник Општина Градско 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати