Напаѓачот од улица „Караорман“ згрижен во здравствена установа

Петар Печков

Лицето Б.Ш. ( 56 год) кое мината седмица во два одвоени случаи нападна минувачи на улица „Караорман“ е згрижено во надлежна здравствена установа. ова доаѓа откако граѓани пријавиле до полиција дека биле нападнати од него со сериозни обвинувања дека Б.Ш. е со психичка растроеност. 

По нивните пријави Б.Ш. бил згрижен, истовремено поднесени се кривични пријави за извршените дела.  Во периодот што следи ќе треба да се направи вештачење дали лицето е пресметливо и дали ќе треба да остане во установата или пак да одговара за извршените дела.

За потсетување  Б.Ш. на 30 март година околу 19 ч. на ул. „Крушевска“ во Велес упатил закани кон Д.А. од Велес и нејзината малолетна ќерка. Претходно, на 26 март во 16.30 часот пријавениот на ул.„Караорман“  физички ги нападнал М.М и неговата сопруга, двајцата од Велес, а потоа и мајката на неговата сопруга.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати