Најдобра песна на „Празник на липите 2015“, за Игор Крајчев

Петар Печков

На годинешното, деветнаесето по ред, издание на манифестацијата „Празник на липите“, која традиционално се одржува во Друштвото на писатели на Македонија, покрај наградите „Книжевно жезло“ за писателите Иван Чаповски и Николаи Дабижа, беше доделена и традиционалната награда за најдобра песна на манифестацијата „Празник на липите 2015“, која годинава ја доби поетот и писател,  велешанецот Игор Крајчев. 

Во конкуренција на 28 поети, селекторот Кочо Топузовски, одлучи токму песната на Игор Крајчев, насловена како „Човек со предрасуди“, да ја добие оваа награда. 

Наградата беше врачена на годинешното издание на манифестацијата „Празник на липите“, на Друштвото на писатели на Македонија.

 

 

ЧОВЕК СО ПРЕДРАСУДИ

 

Бев дете со предрасуди,

боев се’ во црно и бело,

и знаев - 

операта е долга,

а џезот досаден,

ние сме добри, а другите лоши

и сите реки течат само на југ...

Потем,

завртив неколкупати околу сонцето,

многу гледав 

и многу научив,

и гледав опера, 

и не ми беше долга,

и слушав џез, 

и се’ уште го слушам,

и видов наши лоши, 

и други кои се добри,

и многу реки кои не течат на југ...

Се прашувам, 

колку кругови се потребни

да се ослободам 

од предрасудите

на мојата сегашност...

Сега сум, 

човек со предрасуди, 

не сум веќе дете...

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати